Новиот француски премиер е 34-годишниот Габриел Атал

Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше во вторникот 34-годишниот досегашен министер за образование Габриел Атала за нов премиер на неговата влада.

Овој потег следува по вчерашната оставка на премиерката Елизабет Борне и нема да одведе до поголеми промени во политиките на Макрон, но ја сигнализира желбата на францускиот претседател да се обиде да го надмине големите проблеми предизвикани со минатогодишните непопуларни пензиски и миграциски реформи и да ги подобри шансите на неговата центристичка партија Преродба (Возраѓање) на изборите за Европскиот парламент во јуни годинава. Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон има 8 до 10 процентни поени заостанување зад партијата на крајната десница Национален собир на Марин Ле Пен.

Атал, близок советник на Макрон кој како портпарол на владата стана популарен ширум Франција во текот на пандемијата на ковид-19, ќе ја замени на премиерската должност 63-годишната Елизабет Борн, иако тоа не е сѐ уште официјално потврдено, забележуваат медиумите.

Атал, така станува најмладиот премиер во историјата на Франција, но и прв кој отворено признава дека е хомосексуалец.

Станува збор, како што коментира Reuters, за еден од попопуларните политичари на неодамнешните анкети. Атал го стекна реномето на способен министер со добри јавни настапи, се додава.

„Габриел Атал е помалку како Емануел Макрон од 2017 година“, вели парламентарецот Патрик Вињал, алудирајќи на периодот кога Макрон стана најмладиот француски претседател во историјата, тогаш на бранот на големата популарност откако ја напушти владата на веќе распаднатите социјалисти на Франсоа Оланд.

Вињал, кој е партиски колега на Атал, вели дека го запознал пред десе години и додава дека поранешниот министер за образование е „јасен и има авторитер“.

Агенцијата Reuters забележува и дека Атал и Макрон заедно се помлади од американскиот претседател Џо Бајден кој годинава повторно се кандидира за Белата куќа.

Францускиот претседател Макрон се справува со турбулентниот парламент откако набрзо по реизборот на должноста во 2022 година неговаата партија го загуби апсолутното мнозинство во парламентот.

Опозицијата, пак, смета дека именувањето на Атал нема ништо да промени во управувањето на Франциј, бидејќи повеќето и најклучните одлуки ги носи самиот Макрон.

„Елзабет Бор, Габриел Атал или не кој друг. Не ме интересира, тоа и натаму ќе бидат истите политики“ изјави челникот на опозициските социјалисти Оливие Форе.

Политичките коментари во Франција истакнуваат дека промената на премиерската функција нема нужно да доведе до промена на политичката ориентација на владата, туку ќе сигнализира желба да се оди подалеку од пензиските и имиграциските реформи, истовремено фокусирајќи се на нови приоритети, вклучително и постигнување целосна вработеност.

Реконструкцијата најверојатно ќе ја интензивира трката во таборот на Макрон за негов наследник на следните претседателски избори во 2027 година. Поранешниот премиер Едуар Филип, министерот за внатрешни работи Жерар Дарманен и Бруно Ле Мер се најистакнатите потенцијални кандидати.