Договорот за промените на глобалниот даночен систем ќе ја ограначат даночната конкуренција и ќе им обезбеди на земјите околу 150 милијари долари дополнителни приходи, неопходни во постпандемискиот период, објави Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Преговорите за новиот даночеен систем започнаа под покровителство на OECD пред речиси десет години за да се утврди заедничката рамка за оданочување на мултинационалните компании и за да се затворат даночните „дупки“ кои на дигиталните компании им овозможува избегнување на даночните обврски.
Предложена е минималната глобална стапка за оданочување на компанијата од најмалку 15 отсто, која би требало да ја огранични даночната конкуренција и да овозможи заштита на даночните бази, наведуваат од OECD.
Дел од пакетот на новите даношни прописи и прераспределбата на правата на оданочување на најголеите компании, истакнуваат уште од организацијата, појаснувајќи дека дел од правата ќе биде пренасочен од матичните земји на компанијата во оние во кои делуваат, се истакнува во објавата на OECD.
„Предлозите ќе ја обезбедат неопходната поддршка за националните влади кои се обидуваат да ги пополнат буџетите во периодот во кој засилено вложуваат во јавните услуги, инфраструктурата и мерки за создавањер на условите за закрепнување во постпандемискиот период“, истакнуваат од OECD.
Се очекува дека прераспределбата на даночните права ќе ја отвори можноста повеќе од 100 милијарди долари добивки годишно, а минималната глобална даночна стапка од најмалку 15 отсто ќе генерира околу 150 милијарди долари дополнителни приходи на годишно ниво, проценуваат во организацијата.
Дополнителната полза ќе се согледува во стабилизацијата на меѓународниот даночен систем и подобрената даночна прегледност за даночните управи и даночните обврзници, додаваат од OECD.
Предлогот во четвртокот го поддржаа 130 од 139 членки на иницијативата на OECD и групата Г20 за сузбивање на ерозијата на даночната база и префрлување на добивките. Девет членки на иницијативата, меѓу кои Ирска и Барбардос, сѐ уште не е приклучија на иницијативата до петокот.
„Ова претставува историски пакет, по годиниоте интензивна работа и преговори, ќе обезбедат големите мултинационални компании насегаде ќе плаќаат праведни даноци“, истакна дека главниот секретар на OECD, Матијас Корман.
Според него, се водела сметка и за интересите за помалите економии и оние во развој.
„Пакетот не ја елиминира даночната конкуренција, ниту тоа му беше целта, но поставува мултилатерално договорени ограничувања“, заклучува Корман.
Другите елементи од новиот даночен систем треба да бидат довршени до октомври годинава, а планот за воведување на новите прописи до 2023 година, стои во соопштението.