Новиот јужнокорејски претседател повлекува спорни учебници по историја

Новиот јужнокорејски претседател Мун Јае-ин ќе ги повелече „застарените и пристрасни“ учебници по историја коишто ги издаде претходната конзервативна влада, објавија во петокот неговите служби два дена откако ја положи свечената заклетва.

Историските учебници наменети за учениците од основното и средното образование беа сметани за една од главните реформи на владата на отповиканата конзервативна претседателка Парк Гуен-хај. Конзервативците им забележуваа на претходните текстови дека се левичарски и оти премногу ја бранат Северна Кореја.

Конзервативната влада започна да објавува нови учебници на почетокот од годинава, а тогашната опозиција го осуди обидот да се рехабилитира со нив таткото на Парк, диктаторот Парк Чуенг-хи, кој на власт беше две децении.

Укинувањето на споменатите учебници по историја се едно од клучните ветувања од кампањата на новиот левичарски претседател Мун.