За само неколку месеци или во септември годинава во Белград ќе биде отворен новиот клинички центар кој ќе биде најголем во државата со вкупно 432 болнички соби и 1.000 кревети.
Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа инвестиција ќе чини околу 125 милиони евра и ќе се гради во две фази, првата фаза ќе чини 69 милиони евра, додека другата 43 милиони евра.
Парадоксално за македонската јавност е тоа што за исти ваков клинички центар македонската влада ќе плати четири пати повисока цена.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста велат дека најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија.
-Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра. Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички. Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот. Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче, велат од партијата.
Од таму додаваат дека тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов.
Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните. Четири години украден живот. Доста е! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.