Новиот коронавирус може да се пренесе преку дигестивниот систем

Новиот сој коронавирус би можел да се шири од едно на друго лице преку системот за варење на храната, пренесе во неделата кинеската новинска агенција Xinhua повикувајќи се на кинески медицински извори.

Стручњаците од болницата „Ренминби“ при униеврзитетот во Вухан и институтот за вирологија во истиот град, го објавија своето откритие откако ги проучиле примероците од изметот и ректалните брисови од пациентите, пренесува агенцијата. Според извештајот, многу пациенти заразени со коронавирусот имале и пролив, а не само класични симптоми како зголемена температура.

Проливите го прават фекално-оралниот пат напренос на вирусен веројатен, особено доколку не постои соодватна санитарна инфраструктура и врежани хигиенски навики, како што е во ред темелното миење на рацете. Во некои делови на Кина, на пример, се вообичаени јавните тоалети позанти како „чучавци“.

Кинеските власти во неделата објавија дека во карантин го ставиле и градот Венжу, со 9 милиони жители. Ова е првиот град во кој се применуваат ваквите мерки надвор од централната покраина Хубеи, од каде што започна ширењето на новиот сој на коронавирусот. Во покраината Хубеи, во карантин се 14 градови

Мерките вклучуваат затворање на сообраќајниците низ градот и ограничено движење на жителите. На секои два дена, од домот ќе може да излегува само по еден член на семејствот, за да ги набави основните продукти.