
Првиот случај на инфекција со многу заразната варијанта на ковид-19, што се чини дека потекнува од Велика Британија, е пријавен во американската држава Колорадо.
Пациентот, човек на 20-тина години, кој не патувал во странство, во моментов е во изолација. Државните здравствени власти рекоа дека работат на идентификување на контактите и други потенцијални случаи на заболени со новиот сој. Повеќе од 19 милиони инфекции со коронавирус и повеќе од 337 000 смртни случаи се пријавени во САД, пишува Би-Би-Си.
Експертите наведуваат дека новиот сој на ковид-19 е значително позаразен од претходните соеви, но не мора да е и поопасен.