Новиот мексикански претседател вети фискална дисциплина и добри односи со САД

Новиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека ќе одржи фискална дисциплина и ќе бара пријателски односи со САД, ветувајќи дека државата нема да конфискува приватна сопственост, по убедливата изборна победа во неделата.

Шеесет и четиригодишниот Лопез Обрадор, првиот левичарски претседател по повеќе децении во втората според обемот економија во Латинска Америка, во говорот вети почитување почитување на граѓанските слободи и рече дека под неговото владеење „нема да биде диктатура“.

Меѓутоа, го повтори ветувањето дадено во кампањата дека поради можна корупција ќе ги преиспита енергетските договори коишто сегашните власти ги потпишале со компаниите, предупредувајќи дека со непривлностите ќе се занимава Конгресот, како и државните и меѓународните судови.

Лопез Обрадор е избран за претседател со накмалку 53 отсто освоени гласови, објави претседателот на Државниот изборен институт, Лоренцо Кордоба.

Проекцијата темелена на пребројувњето на гласовите во 7.800 изборни единици потврди победа на Лопез Обрадор. Добил меѓу 53 и 53,8 отсто од гласовите. Умерениот конзервативец Рикардо Анаја, пак, добил 22,8 отсто, додека Хозе Антониот Меаде од Институционалната револуционерна партија на досегашниот претседател Енрике Нието добил 16,3 отсто од гласовите.