Новиот модел на најмалиот срцев пејсмејкер во светот, имплантиран од Македонец во Германија

Доктор на медицински науки Дејан Начоски, искусен интервентен кардиолог во Ахен/Вирзелен Германија е битолчанец кој  работи веќе 17 години во Германија и успешно ги изведува најновите иновации во интервентната кардиологија, како отварање на комплексни запушувања на срцевите садови /стентирања, вградувања на сите видови на пејсмејкери, најновите методи на аспирација на тромб во белите дробови , затварање на вродени срцеви мани итн…..

Д-р Дејан Начоски е Македонец, интервентен кардиолог кој е сертифициран за  вградување на најмалиот пejсмејкер во светот .

„Накратко за стандарните пејсмејкери тие се електростимулатори кои се состојат од електрични жици со дожина од 53 до 60 см поврзани со електронско куќиште. За да се вгради стандарден пејсмејкер треба да се направи рес од 6 до 10 см под клучната коска, се препарира џеб во кој се вградува/вметнува пејсмејкерот, од таму преку вена се вметнуват жиците од 60 см во десната предкомора и во десната комора види слика“, објаснува д-р Начоски.

„Пејсмеркерот дава импулс, за да може да работи срцето кај пациентите каде што има блок и сопствените импулси се блокирани и нефункционални, тие пациенти се доведуват во ситуација со следниве симтоми: вртоглавица, бессознание, а и во најлош случај до целосен блок и смрт. Како погоре наведено гледаме дека вградување на стандарни пејсмеркери е операција поврзана со повеќе можни компликаци кај постарата популација како на пример: крварење, инфекција на пејсмеркерскиот џеб, инфекција на жиците којшто може да доведе до ендокардит/ инфекција на срцевиот мускул или инфекција на валвулите“, додаде докторот.

Мини пејсмејкерот таканаречен МИКРА е толку мал што не се гледа однадвор, па не остава никакви испакнатини на градите или видливи лузни. Голем колку една капсула или една паричка.

Новите пејсмејкери се имплантираат директно во срцето преку феморалната вена од десната нога, преку пластично цевче така наречен водич и се вгадува во десната комора на срцето, тој директно доставува електрични импулси без употреба на електроди. Процедурата трае од 30 до 40 минути. Мини пејсмејкерите го намалуваат ризикот од инфекција кај пациентите бидејки нема рана и нема жици.

-Батеријата на новата генерација трае до 17 години, вели доктор Начоски.

Најновиот модел на најмалиот срцев пејсмејкер во светот, е имплантиран од д-р Начоски во Ахен/ Германија ова недела.