Пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери ќе даде свечена изјава.
Имено, на 25. јануари, Зибери на седница на Собранието беше избран за нов омбудсман на С.Македонија.
По два мандати на Иџет Мемети, односно 16 години раководење на институцијата, Насер Зибери ќе стане нов наследник на оваа функција.
За потсетување, Зибери на последните парламентарни избори во јуни минатата година беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец во Република Северна Македонија.