Групацијата Орбико се претстави со новата мирисна нота на Трусарди „My Name“ кој е инспириран од суштината на феминизмот и визуелната интерпретација на женската заводничка аура.
Алхемијата на Трусарди ја прикажува идеалната жена, изненадува со дискреција, го открива своето значење, креира вистинска мистерија без трикови или измама, но со наследство, споособност и сурови материјали. Содржината на парфемот се хелиотропни цветови и свеж мошус, комбинирано со свежи ноти кои создаваат зависност. Тоа што е карактеристично за „My Name“ е дизајнот, односно капачето, кое само по себе мириса, па по истрошување на парфемот, истото може да се стави во гардероберот, за свежата нота да се пренесе на парчињата облека. Заштитно лице на парфемот е Гаја Трусарди, познат италијански моден дизајнер.
Во продолжение погледнете го видеото за парфемот „My Name“ во кое главната улога ја има несекојдневната и уникатна Гаја Трусарди.