Директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов и градоначалникот на општина Сопиште Стевче Трпковски, денесka направија увид во текот на градежните работи за изградба на локалниот пат од сeло Долно Соње до село Горно Соње.
-За рехабилитација на овој локален патен правец во должина од околу 1,1 км. општината аплицираше преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура. Инвестиционата вредност изнесува околу 6 милиони денари и истиот ќе биде завршен до крајот на оваа недела, информираат од ЈП за државни патишта.
Во рамките на овој Проект во општина Сопиште во претходните две години беа завршени два локални пата и тоа : с. Ракотинци – мост за с. Добри Дол и за с. Добри Дол со вкупна должина од околу 4 км. во вредност од 21 милион денари.