Новиот пилот на Ред Бул со закана до колегата Ферстапен

Новиот тимски колега на Макс Фертапен во Ред Бул Рејсинг – Пјер Гасли, рече дека нема да биде задоволен од улогата на втори пилот.

Французинот ќе го добие местото ослободено од Даниел Рикиардо, откако Австралиецот се пресели во Рено за 2019 година. Една од главните причини за напуштањето на Рикиардо, по четиригодишниот престој кај „биковите“, беше сè почестото фаворизирање на Ферстапен од страна на шефовите и инженерите.

Гусли стана дел од семејството на Ред Бул во 2014 година, а неговото деби во Ф1 дојде три години подоцна. Минатата сезона во вториот тим на Ред Бул – Торо Росо тој целосно доминираше, заедно со својот колега Брендан Хартли.

Да станам еден од најдобрите возачи ќе биде голем предизвик за мене. Ќе биде потребно време да бидам поконкурентен, но јас не сум тука за да бидам број 2, изјави 22-годишникот.

Тој истакна дека Макс е еден од најбрзите пилоти, па се надева дека и тој лично би имал корист од тој факт, ако го одведе на повисоко ниво.