Новиот пратенички состав со уште помалку жени од претходниот

Државната изборна комисија вчера ги објави официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија. Според нив, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се пратеници мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите.