Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ објави во петокот дека нејзиниот орален антивурусен лек против коронавирусната болест Covid-19, во втората фаза од неговото кличничко испитување покакажал дека го намалува ризикот од хоспитализација или смртен исход за 89 отсто.
„Врз осноа на резултатите од прелиминарната анализа на фазата 2/3 кај несхоспитализираните возрасни испитаници заразени со коронавирусот, PF-07321332 покажа намалување на ризикот од хоспитализација или летален исход од 89 отсто“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.
Во продолжение се наведува дека меѓу учесниците во контролната група, во истражувањато не се регистрирани смртни случаи.
Од „Pfizer“ ја истакнуваат намерата да добијат одобрување за итна употреба на својот нов лек со поднесување на студијата до американската Агенција за храна и лекови (FDA).
Од своја страна, агенцијата Reuters забележува дека текот на примената на новиот препарат се состои од три таблети кои се земаат двапати на ден. Според агенцијата, „Pfizer“ има намера до крајот на годината да произведе повеќе од 180.000 дози од овој лек, а во текот на следната 2022 година се планира бројот на произведените дози да се зголеми на 50 милиони.
Претходно компанијата соопшти дека првата фаза од испитувањето покажала добра толеранција и безбедност на препаратот. Според нив, новиот лек потенцијално може да се зема кога ќе се појават првите симптоми на коронавирусот или по контакт со заразено лице без потреба од хоспитализација.