Новиот сој на новиот коронавирус SARS-CoV-2, кој брзо се шири во Велика Британија и го доби називот „британски“, првпат во четвртокот е потврден и во Гермнаија, соопштија властите на сојузната покраина Баден-Витенберг.
Заразеното лице допатувало во Франкфурт преку лондонскиот аеродром Хитрои на 20-ти декември во посета на роднини, а имао позитивен тест по доаѓањето.
Генетската анализа на промерокот изведена во берлинска лабораторија покажала дека станува збор за сојот B.1.1.7, се наведува во соопштението на министерството за здравство на споменатата југозападна германска сојузна покраина.
Се истакнува, исто така, дека станува збор за „првиот познат случај во Германија“. Според весникот Bild, се работи за жена
Лицето кое во меѓувреме разволо благи симптоми на Covid-19, членовите на семејството со автомобил го земале од аеродромот и од тогаш било изолирано во семејниот дом во Баден-Витенберг, додаваат од покраинското министерство.
Притоа додаваат дека трите лица кои биле во близок контакт со заразеното лице, исто така, се во карантин.
Сингапур, исто така, во четвртокот потврди дека го регистрирал првиот случај на зараза со новиот сој на коронавирусот. Претходно, вакви случаи пријавија Италија, Холандија и дури девет во Данска, и сите се поврзани со престои во Лондон или југоистокот на Англија.
Здравствените власти во Велика Британија пријавија појава на уште еден нов сој, а поради појавата на нова мутација во Јужноафриканската Република, ги запреа сите летови од оваа земја.