Новиот сој на коронавирусот значително позаразен и може да предизвика поостри рестрикции

Новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2 е значително позаразен од претходната верзија, покажа новото истражување во коешто се заклучува дека новата мутација ја зголемуава репродукцијата или такнаречениот број R за 0,4 до 0,7, пренесува BBC во петокот.

Последниот индекс R во Велика Британија се проценуваше меѓу вредностите 1,1 и 1,3 а би требало да биде понизок од 1,0 за бројот на случаите на заразата да почне да се намалува.

Професорот Аксел Ганди од катедрата за статистика при лондонскиот Империјал Колеџ вели дека разликите меѓу типовите на вирусот се „доста екстремни“.

„Големата разлика е во тоа колку лесно може да се шири оваа верзија во однос на претходната“, рече Ганди во емисијата „Today“ на BBC Radio 4.

Резултатите од истражувањето спроведено од научниците од Империјал Колеџ укажуват на тоа дека заразата со новата верзија на коронавирусот трикратно се зголемила во текот на „затворањето“ во Велика Британија во ноември, а дека заразата со претходната негова верзија се намалила за третина.

Бројот на случаите на зараза со коронавирусот почна забрзано да се зголемува во текот на вториот бран, а бројот на случаите на коронаинфекциите на дневно ниво во четвртокот достигна рекордни 56.000 случаи.

Претходните резултати упатуваа на тоа дека вирусот побрзо се шири меѓу помладите од 20 години, особено меѓу децата на средношколска возраст, но најновите податоци покажуваат дека тој брзо се шири во сите возрасни групи, додада професорот Ганди.

Професорот Џим Нејсмит, од Универзитетот Оксфорд, вели дека се чини дека новооткриениот сој на вирусот наскоро ќе предизвика воведување уште построги рестриктивни мерки.

„Податоците од истражувањето на Империјал Колеџ се најдбрата анализа досега, и имплицираат дека досега применетите мерки нема да успеат да го намалат индескот R под 1, доколку не се сузбие ширењето на новиот сој на вирусот“, оцени Нејсмит.