Новиот увоз на струја е за 4 дена, а ЕСМ за овој увоз „херојски“ ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра

Фејсбук објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Продолжува увозот на струја, продолжуваат “хероите” на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со “херојските” авансни провизии.

Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8ми до 11ти Декември, а ЕСМ за овој увоз “херојски” ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000€.

Од 7ми Ноември до 11ти Декември или за само 35 дена потрошени се вкупно 36.688.848€ за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и “херојски” делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1ви Ноември за да проработи Битола 3 уште не е ни во Македонија.

Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност!