Новиот венецуелски министер за нафта е еден од најбараните бегалци во САД

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро синоќа го именува Тарек Ел Ајсами за министер за нафта, кој во САД е обвинет трговија со дрога.

Американските власти неодамна Ел Ајсами го додаоа на листата десет најбарани бегалци.

Тој е на мета на американските санкции од 2017 година откако беше означен како голем трговец со наркотици. САД минатата година подигнаа обвинение против Ајсами поради кршење на санкциите.