Новите автомобили во Германија испуштале повеќе CO2 во 2023-та

Новите автомобили во Германија испуштале повеќе јаглерод диоксид во 2023 година, покажуваат податоците од регулаторот KBA, кој толкува дека тоа го открива влијанието на укинувањето на стимулациите за купување електрични возила.

Нов автомобил лани испуштал просечно 115 грама јаглерод диоксид, речиси пет проценти повеќе отколку во претходната 2022 година, пресметале во КBА.

Просечните емисии на CO2 по возило се зголемила особено силно во декември, за речеиси 40 проценти, што може да биде поврзано со бранот од набавки кон крајот на 2022 година, како резултат на најавата на владата за намалување на стимулациите на почетокот од 2023 година.

Во декември 2023 годит во таквите услови уделот на новорегистрираните електрични автомобили нагло се намалил на крајот на 2023 година.

Во целата мината 2023 година, регистрирани се вкупно нешто повеќе од 524.000 нови електрични автомобили, за 11,4 проценти повеќе отколку во 2022 година. Учеството на возилата со батерии изнесувал 18,4 проценти и се зголемил за 0,6 процентни поени во однос на претходната 2022 година.