Новите глукомери ги исполнуваат сите стандарди, тврди министерот за здравство

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити синоќа во гостување на НТВ ја покажа целокупната документација за квалитет и исполнување стандарди на новите глукомери, кои се за пацентите со дијабет. Министерот образложи дека за новите апаратчиња гарантираат надлежнте институции во државата, сите сертификати и декларации за апаратчињата пред Меџити ги презентирале надлежните.

„Јас имав состанок со Националната комисија за дијабет, претставник од секторот за јавни набавки од Министерството за здравство и со директорот од МАЛМЕД. Не е вистина тоа за апаратите, сомнежи дека не се квалитетни не треба да има. Јас тука држам и документи, од овие институции упатство има, да покажам и пред камерите дека се во ред, налепница и сертификат за квалитет има и денот кога е царинето на 14.09.2023“истакна министерот во интервју за НТВ.

Министерот потенцираше дека според препораките на производителот, пацинетите за новите апаратчиња треба исклучиво да ги користат новите лентички кои не треба да ги употребуваат и во старите апарати. За секој апарат има соодветни лентички, такви се препораките и на производителот и на МАЛМЕД, Досега во државата се пристигнати 5 000 глукомери, во октовмри треба да пристигнат околу 17 000 глукомери.

„Набавката на глукомери и ленти трае 3 до 6 месеци, но ние ги замоливме претставниците на компанијата за побрзо со цел да се добијат што е можно поскоро за нашите пациенти.Кога беше јавната набавка за глукомерите и лентите, се јавија неколку компании и стручната комисија даде предлог дека првата компанија која се јави тогаш треба да ги земе. Второстепената комисија што е при јавни набавки составена од правници, не се ендокринолози, кажале дека е скапа првата компанија, а дека втората е поевтина и ја прифатиле оваа компанија. Гарантирам додека сум министер за здравство дека квалитетот на глукомерите и на лентите е во ред, дека е сертифициран, стандардизиран и се исполнети сите услови. Да нема сомнение дека апаратите не се во ред, но ќе повторам овие ленти да не се употребуваат на старите глукомери. Препораката е само да се користат со глукомерите кои доаѓаат со лентите“ истакна Меџити.

Министерот ја потенцираше заложбата дека повеќе набавки во лекови и потребни помагала за пациентите нема да се дозволат.

„Ние се видовме со Здружението на дијабетичари и тие знаат дека ние сега ги исправаме грешките на претходното раководство. Жалам што доцнеа тогаш јавните набавки за оваа голема група на пациенти. Доцнеа околу 4/5 месеци. Не знам зошто, но тоа што јас го потврдив во неколку наврати и ќе повторам и потврдам, нема веќе јавните набавки во здравството да доцнат. Имаме најава за некои компоненти, за некои лекови и антибиотици, кои на светско ниво се дефицитарни, но ние ги преземаме сите мерки за вакво нешто да не ни се случи“-рече министерот за здравство за НТВ.

Министерот за здравство најави дека наскоро до пациентните ќе стигнат сензори за мерење гликемија и првите апаратчиња ќе бидат поделени на најмладата популација пациенти.

„Она што можам да кажам, а е новитет за во нашата земја е дека ќе има 650 сензори за помладата популација. Наредниот месец би требало да стигнат овие сензори наменети за децата, трудници со ДМ тип 1 и слепи лица. Ние макотрпно работиме, некогаш и јас не се согласувам во некои работи во јавните набавки, но законите се тие и ние мораме да ги испочитуваме“ рече министерот.