Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ги лансираше новите уреди без чад – IQOS ILUMA на македонскиот пазар. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата, кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот и е наменет исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.
За првпат се воведува технологијата на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење.
„IQOS ILUMA е досега најиновативен производ на Филип Морис Интернешнал. Kако резултат на одговорот на потребите на нашите корисници, имаме уреди со подобрени перформанси, прилагодени според потребите на пазарот. По неколку производи на IQOS, успеавме како компанија да направиме најиновативен уред што веруваме дека е клучен за забрзувањето на нашата визија за иднина без чад. Докажавме дека како компанија сме двигатели на промените со воведувањето на производи на принципот на загревање на тутунот и оваа наша мисија продолжува понатаму.” – изјави Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП.
IQOS ILUMA ќе биде достапен во Македонија со три различни модели – IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA и IQOS ILUMA ONE, сите со различен опсег на цени и базирани на технологија за индукциско греење, што е новитет кај овој производ. Уредите нудат различни дизајни за да им овозможат на корисниците да изберат што најмногу одговара на нивните потреби и преференции. Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја води трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети. Бројот на пушачи, во многу земји кои интензивно ја спроведуваат стратегијата за намалување на штети е значително намален со користење на алтернативни производи без чад, како што се уредите за загревање на тутунот.
Компанијата Филип Морис, како светски лидер за овој вид производи, продолжува да придонесува со овие позитивни промени, како на светскиот така и на македонскиот пазар. На глобално ниво, производите без чад на Philip Morris се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, преку 27,4 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19,7 милиони. Новите уреди се достапни на сите IQOS продажни локации низ државата и онлајн преку IQOS веб-страницата, од 20 ноември, 2023 година.