Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон денеска ќе ја посети Украина, за да се сретне со привремените лидери кои сакаат нивната земја да воспостави поблиски односи со Унијата, пренесува „Гласот на Америка“.
Ештон истакна дека посетата во Киев ќе вклучува разгледување на начините на кои ЕУ може да и помогне за економската и политичката стабилизација на Украина.
Сепак, во земјата продолжува да постои длабок јаз меѓу Украинците, кои сакаат поблиски врски со Европа и оние кои го претпочитаат партнерството на Русија.