Новите правила за влез во Европската унија нема да важат најмалку уште една ипол година, потврдиле од Европската комисија за регионалната телевизија N1.
Како што е наведено од ЕК, Агенцијата на ЕУ за оперативно управување со големи ИТ системи во областа на слободата, безбедноста и правдата (ЕУ-ЛИСА), која е одговорна за планираниот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), усвои нова временска рамка која предвидува нејзино пуштање во употреба најрано пролетта 2025 година.
„
„Согласно новата временска рамка усвоена од ЕУ-ЛИСА и политички поддржана од Советот на ЕУ, новиот патоказ за испорака на новата ИТ архитектура предвидува дека системот за влез/излез ќе биде оперативен есента 2024 година и дека ЕТИАС ќе биде подготвен за пуштање во функција во пролетта 2025 година“, изјавика за N1 портпаролката на Комисијата на ЕУ, Анита Хипер.
ЕТИАС е систем преку кој жителите на земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ (вклучувајќи ја и Црна Гора) и сакаат да патуваат на територијата на Унијата, ќе треба да аплицираат и да побараат одобрение за влез во Шенген зоната, по цена од седум евра.
Според првичниот план, ЕТИАС требаше да биде пуштен во употреба во ноември годинава, но имплементацијата на тој систем прво беше одложена за почетокот на следната година, а потоа за мај 2025 година, со можност за дополнителни одложувања.