Новите судии во Апелација положија заклетва

Свечена заклетва денеска положија новоизбраните судии во Апелациониот суд во Скопје. Четворица судии од кривична и четворица од граѓанска област дадоа заклетва дека ќе судат правично и според Уставот. Според претседателката на судскиот совет, Весна Дамева со нејзините колеги го направиле вистинскиот избор, иако имало приговори по нивната одлука.

Новите судии во апелација се Осман Шабани, Габриела Гајдова, Александра Ристевска и Весна Димишкова од кривична област, како и судиите Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани од граѓанска област.