Новите варијанти на Covid-19 подобро ги избегнуваат антителата, тврдат лекари

Лекарите немаат добри вести за лицата кои се заразиле со Covid-19 во текот на минатите бранови на заразите со омикрон сојот на коронавирусот SARS-CoV-2, и тврдат дека повторно се подложни на инфекции.

Се чини дека две нови варијанти на вирусот полесно ја избегнуваат имунолошката заштита создадена од претходните инфекции, што значи дека дури и некои го закрепнале од Covid-19 последните месеци, би можело да бидат во опасност од вирусот. Вакцините и натаму се „многу ефикасни“ во спречувањето на хоспитализациите и смртните исходи, тврдат лекарите.

Подваријантите BA.4 и BA.5 на омикрон сојот, заедно се доминантни во целите САД, според медицинските стручњаци и податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

„Во моментов всушност сите се чувствителни на тоа“, вели Емили Ландон, епидемиолог од Медицинскиот факултет при Универзитетот Чикаго.

Со новите варијанти кои циркулираат, лекарите и натаму му препорачуваат на населението да носи маски во затворени простори и да примаат уште повеќе дополните „бустер“ дози од вакцините покрај двете за кои претходно се тврдеше дека траба да дадат трајна заштита од Covid-19

„Бустерот против Covid-19 сѐ уште се недоволно искористен ресурс. Околу 34 отсто од лицата повозрасни од пет години ја примиле и третата доза“, покажуваат податоците на CDC во услови кога сѐ повеќе се инсистира и на четвртата дополнителна доза од вакцините.

Луѓето би требало да размислат за носење маски на големи настани на отворени простори, како што се музички фестивали, предупредуваат лекарите.

„Луѓето си ставија во главите дека е волшебно да се биде надвор“, ригидно тврди Ландон очигледно мислејќи на воведување нови рестриктивни мерки.

„Новите варијанти имаат уште неколку мутации во протеинот на шилецот (на коронавирусот) кои ги прават поотпорни на антителата. Секоја инфекција е можност (за вирусот) дополнително да се прилагоди и да ги надвладее новите одбрани“, вели Егон Озер, специјалист за заразни болести во болницата „Northwestern Memorial“.

Американските компании „Pfizer“ и „Moderna“ кои ги произведуваат со сосема нова технологија за многу кусо време ткн глaснички mRNA вакцини, работата на ткн „довакцинирање“ имајќи ги предвид подваријантите на омикрон сојот.

Озер вели дека прелиминарните податоци покажуваат дека подваријантата BA.5 повторно ги заразила лицата кои зимото или рано пролетта со претходните соеви и подваријанти на Covid-19, а кои извесно време имале одреден имунитет кој ги штител од нови зарази.

„Знам дека има луѓе кои мислат дека пандемијата завршила. Ве уверувам, вирусот сѐ уште не завршил со нас“, вели Озер.

Лекарите велат и дека уште многу нешта сѐ уште не се познати за долгорочното влијание на Covid-19 врз здравјето, но според нив имало „сѐ повеќе докази“ дека претходните зарази мое да ги изложат луѓето на поголем ризик од други здравствени проблеми.

„Мислам дека луѓето тоа не го сфаќаат доволно сериозно. Колку повеќе се прави на сузбивањето на заразите, толку се помали шансите вирусот да продолжи да мутира. Сѐ уште постојат добри причини да се избегне заразата со Covid-19“, вели Ландон.