Завршуваат градежните активности за изградба на ново детско забавно катче во Хиподром кое ќе биде дел од новиот спортски центар кој се гради на местото на поранешното училиште Вера Јоциќ. Дополнително нови детски катчиња ќе се изградат и во Ченто и во Црешево, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Досега на територија на општина Гази Баба реконструирани и изградени се вкупно 48 детски забавни катчиња.
Продолжува грижата за најмалите жители на општина Гази Баба.
Наша обврска е да создадеме подобри услови за безгрижно детство на дечињата од општина Гази Баба и од таа цел нема да отстапиме.