
Уште 10 лица се осомничени за учество во толпата која направи неред пред зградите на судовите за време на протестите за пресудата за случајот „Монструм“.
Основното Јавно Обвинителство – Скопје до Кривичниот суд достави обвинителен предлог против 10 лица и тоа Е.В., В.Б., Ф.Н., И.М., Р.М., Ф.Н., С.И., Н.Џ., Б.Р. и Р.И. за кривичното дело чество во толпа што ќе изврши кривично дело за протестите кои се организираа во Скопје по пресудата за случајот „Монструм“ и нередите пред Основниот суд 1 и 2.
Во претходната постапка која беше покрената за учесниците во протестите по три години затвор добија шестмина насилни демонстранти, двајца добија ослободителни пресуди, за едниот обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.
Судот ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата предизвикана од дивеењето и мавањето со камења кон зградите на судовите при што беа оштетени повеќе прозорски стакла.