Цените на нафтата денеска повторно пораснаа, откако извештајот укажа на пад на резервите во САД, со оглед на исклучително студениот бран во Северна Америка, кој што ја поттикна побарувачката за овој енергенс.
Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поскапе за 34 центи, на 92,67 долари, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 107,51 долари, односно поскапо за 36 центи.
Американските резерви на нафта се намалени за 2,7 милиони барели, што е значително помалку од прогнозираниот пад од 600.000 барели, додека од друга страна, резервите на бензин пораснаа за 6,2 милиони барели, што е значително повеќе од прогнозираното зголемување од два милиони барели.