Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB) одобри ново правило кое превидува екипите да можат да заменат фудбалер при повреда на главата, дури и во случај сите дозволени измени претходно да биле извршени.
Новото правило ќе почне да важи од јануари 2021 година, а националните асоцијации, кои ќе имаат намера исто да го применуваат ќе треба да ја известат ФИФА.
Англиската федерација најави дека ќе го тестира новото правило.
Медицинските испитувања покажуваат дека случаите на деменција кај поранешни фудбалери најчесто се должат на повреди на главата за време на нивните професионални кариери.