Во кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за случајот „Тарифа“ на СЈО во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две лица.
Тие се обвинети за незаконска набавка на софтвер за потребите на компанијата во вредност од околу 4 милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП Систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.
Сите обвинети се изјаснија дека не се виновни. „Во ниту еден момент не сум направил штета. Збунет сум од СЈО и од обвинението. Создадена погрешна слика“, изјави поранешниот директор на АД ЕЛЕМ на едно од минатите рочишта.