Ново смртоносно селфи во Индонезија, загинаа пет членови на едно семејство

Пет членови на едно семејство се удавиле кога се урнал понтонска платформа на која се подготвувале да направат самофотографирања односно селфи снимки, објави индонезиската полиција во четвртокто по сличниот трагичен инцидент пред две седмици.

Семејството коешто броело вкупно 14 челнови се наоѓало на бреговите на езерото Канди, туристичка дестинација во западниот дел на островот Суматра,

„Се обидувале да снимат селфи на понтонот кога се случил инцидентот“, појаснил налачникот на локалната полиција Џинаиди Нур и прецизирал дека тоа место по затворањето повечќе не било под надзор.

Седимнаесетгодишник е меѓу петте жртви. Спасувачките тимови ги извлекле телата на давениците и отворена е истрага, додаде полицијата.

Претходно кон средината на мај девет Индонежани се удавија откако туристички брод со 20 туристи се превртел на вештачко езеро во Централна Јава, а причина за несреќата била преместувањето на патниците кон предниот дел за да направат „селфи“.