Ново судење за Миле Хаџиски

Обвинетиот Миле Хаџиски на 21. овој месец до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје доставил Барање за повторување на постапката.

Обвинителот кој постапува во предметот достави позитивно мислење по барањето, односно се согласи со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Поради сомнежот дека има основа за бегство на обвинетиот Јавното обвинителство до Судот предложи определување мерка притвор.

Предлогот е прифатен, а на Миле Хаџиски му е одреден притвор во времетраење од 30 дена.

Хаџиски минатиот месец беше екстрадиран од Франција каде што пред повеќе од две години беше уапсен како припадник на бандата крадци на накит, која дејствува под псевдонимот „Пинк Пантер“.

Тој веднаш по долетувањето на авионот од Париз беше спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од 20 години.

Кој е Миле Хаџиски?

meri-mile-hadjiski

Според обвинението, Хаџиски на свиреп начин и од користољубие со умисла ја лишил од живот Мери Јошевска на 18 јуни 1993 година. Тој дошол во станот во скопски Аеродром околу 10 часот утрото да пие кафе. Муабетот набргу прераснал во кавга. Тој најпрвин почнал да ја дави Мери со рацете, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и задал десетици убоди по целото тело. Тој исто така употребил и нож, што го нашол во станот, па продолжил да ја боде. Според наодите на истрагата, убиецот сакал жртвата да страда, што го покажало и вештачењето. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен. Жртвата очајнички се бранела, но, за жал, не уапсела да се одбрани. Таа поради внатрешно и надворешно крвавење, кое настанало како резултат на добиените повреди, починала на самото место. По убиството, Миле Хаџиски ги прикривал трагите. Ги миел ножевите и се обидувал се да врати на своето место. Пред да замине зел златен накит и го напуштил станот оставајќи ја Јошевска да искрвави. Истиот ден се обидел да го продаде накитот на Бит-пазар, но не успеал. Вечерта излегол со друштво во кафуле небаре ништо не се случило, каде што бил и уапсен.

Спектакуларно бегство од затворот

Спектакуларно бегство од затворот

Миле Хаџиски беше уапсен првпат во февруари 2012 година во Берн, Швајцарија, поради учество во грабеж извршен од бандата „Пинк Пантер“. Тој таму престојувал со идентитет на Црногорецот Зоран Томовиќ. Тој работел како автомеханичар, но постојано се движел на релација Франција-Швајцарија. Не е познато каква улога имал во бандата, но заедно со уште еден член на бандата, Србин, во мај 2013 година избегал од затворот во Швајцарија.

Спектакуларното бегство се случило во затворот „Бос Мемер“ кај Лозана. Бегството на „пантерите“ било добро испланирано и траело помалку од пет минути. Додека двајцата биле во дворот на затворот заедно со уште 30-ина затвореници, тројца маскирани лица се искачиле на ѕиданата ограда на затворот и поставиле скала од внатрешната страна. Тие во дворот, кој бил ограден од ѕидот со бодликава жица, фрлиле торба, во која имало оружје и алат. Хаџиски и Србинот извадиле пиштоли со кои им се заканиле на чуварите и на останатите затвореници по што со спреј-солзавец ги испрскале. Потоа со клешта направиле дупка во оградата и преку скалите се прекачиле преку ѕидот. Таму ги чекале тројцата, па со два автомобила избегале во непознат правец.

„Ничии раце во судницава не се окрвавени како моите. Му изразувам сочувство на семејството Јошевски и сакам да знаете дека ова го сторија моите раце, но не и мојата совест“

„Ничии раце во судницава не се окрвавени како моите. Му изразувам сочувство на семејството Јошевски и сакам да знаете дека ова го сторија моите раце, но не и мојата совест“

Засолниште во Легијата на странците

haxiski-640x396

Во јавноста се шпекулираше дека Хаџиски бил припадник на некоја сатанистичка секта и дека убиството било ритуално изведено. Тоа го заклучиле од наводниот рамностран триаголник, кој личел на познатиот сатанистички чудотворен триаголник, кој бил врежан во дланката на убиената. Дилемата е дали тој бил сам кога се случило убиството бидејќи биле пронајдени крвави папиларни линии кај лифтот во зградата на Јошевска. Тие траги не биле од Хаџиски, а досега не е одговорено кој ги оставил и дали евентуално имал некаква врска со убиството.

„Ничии раце во судницава не се окрвавени како моите. Му изразувам сочувство на семејството Јошевски и сакам да знаете дека ова го сторија моите раце, но не и мојата совест“. Ова биле зборовите на Миле Хаџиски кој ги искажал пред петочлениот судски совет во тогашниот Окружен суд во Скопје на првото судење, кое се водело една година по убиството. Тогаш Хаџиски добил 15 години затвор. Тој се жалел на пресудата и поради одредени пропусти во истрагата, предметот беше вратен на повторно судење. Тогашната регулатива не дозволувала притворот да биде подолг од 90 дена, па Хаџиски бил пуштен да се брани од слобода. Тој се појавил на неколку рочишта, но потоа ја напуштил земјава и избегал. Судењето продолжило во негово отсуство по што бил осуден на 20 години затвор.

Не е познато како Миле Хаџиски ја напуштил земјава, но се шпекулираше дека користел лажен идентитет на Македонецот Kиро Риовски, по што завршил во Франција, каде што се приклучил на Легијата на странците. Така и добил француско државјанство.