Ново видео за експлозијата во Бејрут

Се појави ново видео од експлозијата од либанската престолнина Бејрут, направено од многу блиску и со висока резолуција. На ова видео се гледа силата на експлозијата и хаосот што таа го направи.

Трагедијата се случи на 4 август годинава, при што загинаа најмалку 180 луѓе. Во експлозијата предизвикана од 3.000 тони експлозивен амониум нитра повредени се и околу 6.000 луѓе, а околу 30 лица се сметаат за исчезнати.

Штетата предизвикана од оваа катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут се проценува на над 15 милијарди долари, соопшти либанскиот претседател Мишел Аун.

Либанските обвинители ќе почнат со сослушување на министрите и поранешните министри за тоните нитрати амониум што ја предизвикаа смртоносната експлозија.