Се појави нова видео снимка од безбедносните камери која буквално го прикажува ужасот кој се одвиваше на турскиот аеродром.
На неа се гледа како бомбаш самоубиец го активира експлозивот меѓу група луѓе. Откако одекнала експлозијата настанала голема паника и луѓето почнале да трчат кон излезите.
Инаку во тројната експлозија на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул 36 лица ги загубија животите, а речиси 150 лица беа повредени.