Ново засилување во средниот ред на „црвените ѓаволи“

Луј Ван Гал ја продолжува офанзивата на фудбалската берза, па така стратегот на Манчестер јунајтед по ангажманите на Дармијан и на Швајнштајгер, во рок од само неколку дена го комплетираше трансферот на уште едно квалитетно засилување.

Станува збор за Морган Шнидерлин, играчот на Саутемптон за кого „ѓаволите“ веќе подолго време се интересираа, но изминатиот викенд конечно постигнаа целосен договор.

Англиските медиуми тврдат дека Саутемптон ја прифатил понудата на Манчестер јунајтед во висина од 25 милиони фунти, па дури и дека фудбалерот синоќа ги минал лекарските прегледи, по што веќе не постои никаква пречка за неговиот трансфер на „Олд трафорд“ да биде комплетиран во текот на денешниот ден.

sniderlin

Шнидерлин важи за играч што внесува стабилност во играта и во напад и во одбрана. Впрочем, тој неслучајн0 се наоѓаше и на листата со желби на Арсенал и на Тотенхем, а ангажманот на овој француски интернационалец е само уште еден адут плус за Ван Гал во обидите да го врати Манчестер јунајтед на тронот на англискиот фудбал.