Новогодишен концерт на „ЗЏМ биг бенд“ и Луис Бонила е закажан на 28 декември, во 20 часот, во Македонската филхармонија, кој ќе биде вистинско празнично уживање за љубителите на латиноџез-призвукот и познавачите на добриот џез.
Луис Бонила е реномиран американски џез-тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на награди „греми“, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на голем број изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: „Вангард џез оркестра“, „Мингус биг бенд“, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи,
Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.