За 400 денари повеќе на сметката за струја за граѓаните е новогодишната честитка од оваа неспособна власт. Иако со денови и месеци се обидоа да го сокријат покачувањето, сепак власта на СДС и ДУИ удрија по џебот на граѓаните со повисоките сметки за струја од јануари 2024 година, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Покачувањето ќе го плаќаат сите граѓани кои своите домови ги затоплуваат со електрична енергија. Толку од грижата на власта за животната средина и намалувањето на загадувањето.
За над 120 денари ќе биде зголемувањето само во 3-тиот блок и на истото ако се додаде и новата давачка т.н мрежарината на Бислимовски која ќе изнесува 250 денари, доаѓаме до покачување од 400 денари.
Не поминуваа фалбите на ДУИ и СДС за субвенционирање на сметките за струја, кога тоа субвенционирање го плаќаат граѓаните самите. Наместо изминатите 7 години да се изградеше некој енергетски капацитет, власта парите ги трошеше за полнење на своите џебови преку тендерите во РЕК и партиските вработување во енергетските компании.
Сметките за електрична енергија овие 7 години се зголемина за над 50%, а инвестиции во енергетиката нема.
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, велат од оваа партија .