И оваа година една од најстарите европски метрополи очекува илјадници туристи за новогодишните и божиќните празници, а градските власти се погрижија тие да се чувствуваат магично за време на својот престој.
Улиците, плоштадите, баровите и парковите во Лондон добија новогодишно руво кое му дава уште поатрактивен изглед на градот на Темза.
Големи снегулки, разнобојни сијалички, елки, панделки и ѕвончиња го краста градот, но сепак на туристите и на граѓаните најомилен им е забавниот парк „Winter Wonderworld“ кој е поставен во најголемиот лондонски парк.
На познатиот лондонски плоштад Трафалгар и оваа година е поставена новогодишна елка која е подарок од норвешката престолнина Осло. Од 1947 година во знак на благодарност за помошта во текот на Втората Светска војна Осло традиционално и испраќа новогодишна елка која стои на Трафалгар.
Според британските аналитичари за претстојните празници се очекува профит од 72,5 милијарди фунти, што е за два отсто повеќе од минатата година.
Ако не можете да отпатувате во Лондон, барем на кратко, преку фотографиите уживајте во неговата празнична магија.