Новооткриениот „човек змеј“ е најблискиот предок на Хомосапиенсот

Начниците сметаат дека черепот откриен на североистокот од Кина претставува новооктриен човечки вид кој го нарекоа Хомолонги (Homo longi) односно „човек змеј“, тврдејќи дека е посроден на нашиот вид отколку Неандертаелцот.

Споменатиот череп е откриен во 1930-те години во кинескиот град Харбин во покраината Хеилонгџијанг, но според кажувањата 85 години бил во бунар криен во текот на јапонската окупација. Подоцна е откопан и во 2018 година му е предаден на Џи Чијанг, професор на кинескиот Универзитет Хебеи. Името е изведенка од поимот Лонг Џијанг, што има значење на „Змејова река“.

„Според нашите анализи, потеклото на коските од Хербин е поповрзано со Хомосапиенсот отколку Неандерталците, односно видот од Херин со нас има повеќе заеднички предци отколку Неандерталците. Доколку на нив се гледа како на посебен вид, тогаш овој ни е братски, најблизок вид“, вели за AFP палеонтологот Крис Стрингер од Природонаучниот музеј во Лондон.

Откриениот череп е стар најмалку 146.000 години и датира од периодот на средниот Преистоцен, а разлтатите од нејзината анализа се објавени во три научни труда објавени во списанието The Innovation.

Големината на мозокот во черепот би можела да биде слична на оној кај современиот човек, но очните шуплини и забите биле поголеми, веѓите подебели а устата поширока, а древниот хоминин имал и „екстремно широко“ лице. Научниците сметаат дека коските од черепот припаѓаат на маж на околу 50-годишна вораст кој живеел во шумска често поплавувана област.

„Тие луѓе биле ловци и собирајќи кои живееле од околината. Имајќи ги предвид денешните зимски температури во Харбин, се чини дека се справувале со поголеми студови отколку Неандерталците“, додава Стрингер.

Според локација на откривањето на черепот и проценетата големина на човекот, истражувачкиот тим верува дека Хомолонги добро се прилагодил на тешките животни услови и дека можел да се движи ширум Азија.

 

Семејно стебло

Научниците прво ја проучувале надворешната градба на черепот, користејќи повеќе од 600 морфолошки особини, а потоа извеле милиони симулации служејќи се со компјутерски модел за обликување на стеблото на сродноста со другите фосили.

„Тоа упатува дека Харбин и некои други фосили од Кина ја прават третата родова линија на човечките видови, покрај Неандерталецот и Хомосапиенсот“, појаснува Стрингер.

Доколку Хомосапинесот стасал до источна Азија во периодот кога Хомолонги бил присутен на тие простори, научниците сметаат дека би можело да се случи вкрстување на двата вида, но тоа потполно не е докажано.

Поради недостигот од археолошки материјали, преостануваат многу прашања за нивното културно и технолошко ниво, меѓутоа, откривањето на черепот би можело да го промени нашето сфаќање за човековата еволуција.

„Пронајдена е третата човечка лоза во источна Азија која има сопствена еволуциска историја, а резултатите покажуваат колку регионот бил важен за еволуцијата на човекот“, заклучува Стрингер.