Фудбалерите на фудбалскиот клуб на Кабел од новосадската населба Лиман во неделата истрчаа на теренот носејќи маички со лкот на поранешниот командант на Војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ, кој претходната седмица од трибуналот во Хаг неправосилно беше осуден на доживотен затвор за воени злосторства.
Имајќи предвид и дека на фејсбук страницата на овој клуб на насловната фотографија е Ратко Младиќ, веројатно во раководството се решителини во тоа на осудениот генерал да му ја дадат секој вид можна јавна поддршка, пренесува новосадскиот итнернет портал 021.rs.
Инаку Кабел е новосадски фудбалски клуб основан во 1932 година и најголем успех му е пласманот во Втората сојузна лига во поранешната СФР Југославија кон крајот на 1980-те.
Играчите на Кабел во маичките со ликот на Младиќ излегле на теренот на мечот од 15-то коло од Војводинската лига – Југ, во кој со 2:0 го совладале градскиот ривал Славија.
Хашкиот трибунал на 22-ри ноември го осуди генералот Ратко Младиќ на доживотна затворска казна поради геноцидот во Сребреница и злосторства против човечноста над муслиманите и Хрватите во текот на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.