Американскиот нуклеарен инженер Џонатан Тоби, на 42 години, кој имал пристап на доверливи нуклеарни тајни, и неговата три години повозрасна сопруга Дајана, учителка по професија, уапсени во саботата во сојузната држава Западна Вирџинија, откако се обиделе да продата инфорамции за дизајнот на нуклеарните подморници и бродови на „лице за коешто верувале дека е претстаник на странска сила, но станувало збор за агент на Федералното биро за истраги (FBI)“, соопшти американското министерство за за правосудство.
Едногодишната операција на агентите на FBI дала резилтат кога оваа двојка од сојузната држава Мериленд е уапсена и обвинета за обид за продажба нуклеарни тајни на друга земја во замена за криптовалути.
Според објавата, Тоби имал пристап до чувствителни воени тајни кои се однесувале на дизајнот на нуклеарно вооружување и опрема, „оперативни параметри и карактеристики на перформанцисте на реакторите на нуклеарните носачи“.
Нуклеарнито инжене тајните за нуклеарните подморници ги чувал во сина мемориска картичка којашто ја сокрил во сендвич со путер од кикирики, а се обидел да му ја продаде на „купец“ за кој подоцна се покажало дека е агент на FBI.
„Во едната половина од сендвичот имало пластично кесенце со SD мемориска картичка“, соопштија од FBI, додавајќи дека во текот на припомредавањето неговата сопшрига „чувала стража“.
Министерството за правосудство објави дека истрагата започнала во април 2020 година кога Тоби на агент на FBI, верувајќи дека станува збор за претставник на странска влада, му испратил електронска порака со доверливи документи и упатства за користење на шифрираните податоци, како и понуда за купување дополнителни информации.
По неколку месеци, обвинетата двојка наводно се договорила за размена на тајните податоци во замена за околу 100.000 милиони долари во криптовалута. Во јуни 2021 година Џонатан и Дајана Тоби отпатувале во Западна Вирџинија за да ги доставата податоците.
„Ве молам да го проследите ова писмо до својата воено-разузнавачка агенција. Верувам дека инфорамцијата ќе ѝ биде од полза на вашата земја. Ова не е измама“, наводно пишувало во нивнот писмо до „странците“.
Откако ја утврдиле автентичноста на пакетот, агентите на FBI се претставиле дека се странски шпиони и ја започнале омуникацијата преку електронска пошта со семејството Тоби. Тие во август на „својата врска“ ѝ предале уште тајни податоци, овојпат сокриени во пакетче со мастики за џвакање.
Двјката веќе подготвила пасоши и пари за бегство во друга земја, но пред да успеат да избегаат, агентите ги уапсиле во саботата во текот на обидот за третото предавање на тајните. Двојката на 12-ти октомври ќе биде изведена пред сојузниот суд, под обвинените според американскиот Закон за атомска енергија.