Реакторот во нуклеарната централа Тианж во близина на Лиеж беше исклучен во понеделник наутро поради дефект на пумпата, јави новинската агенција Belga.
Нема опасност за луѓето или животната средина и снабдувањето е безбедно, рече операторот „Engie“, додавајќи дека се обидуваат да утврдат зошто пумпата откажала.
Белгија има вкупно седум реактори во две нуклеарни централи, од кои две веќе престанаа со работа.
Реакторот со неисправна пумпа во градот Уиј крај Лиеж треба да биде затворен во октомври, а сите останати до 2035 година.
Белгија постојано има проблеми со своите реактори, вклучително и влошени бетонски делови. Централата „Тианж“ се наоѓа на околу 60 километри од германскиот град Ахен, кој заедно со владата во Берлин во неколку наврати ги повикуваат белгиските соседи да ги затворат сите.