Нуклеарката во Чернобил целосно исклучена од електричната мрежа

Снабдувањето со електрична енергија од нуклеарната централа Черноил и нејзината безбедносна опрема се целосно надвор од функциа поради руското воено дејствување, тврди украинската енергетска компанија „Укренерго“ во срдата.

Нуклеарката во Чернобил која е врзана со најголемата пиотврдена катастрофа од овој вид во 1986 година, „целосно е исклучена од електричната мрежа поради военот дејствување на рускиот окупатор“ Таму веќе нема напојување“, објави „Укренерго“ на Facebook.

Оваа нуклеарна централа не е активна, но и натаму е управувана на дневно ниво од неколку илјади вработени. Според експеритете таа нема опасност по околината и здравјето, бидејќи не е активна.

Украинските власти претходно објавија дека не знаат колкаво е нивото на радијација во таа област, бидејќи не знаат што таму се случува откако контролата ја преземаа руските сили кои претходно ја обезбедуваат заедно со украински војници за заедничко обезбедување на енергетските единици, саркофагот и складиштата за потрошеното нуклеарно гориво.

Руската војска, според украински извори, со 400 војници ја контролира и најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје.