Нуклеарката Запорожје минува во сопственост на Русија

Нуклеарната централа Запорожје, на југот на Украина во регионот кој по неодамнешниот референдум на тамошното мнозинско руско население мина во составот на Руската Федерација, ќе мине во руска сопственост откако во средата таков указ потпишал претседателот Владимир Путин.

Нуклеарната централа во Запорожје од почетокот на март е под контрола на руската војска но досега во неа работеше украински персонал. Областа не централата е често цел на гранатирања на украинските сили, а Киев ја обвинува Москва за тоа, што предизвикува страв од нуклеарна катастрофа.

Веднаш по објавувањето од Москва, челникот Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, кој седмицава планираше во врска со нуклеарката да ги посети Киев и Москва, најави дека тргнува за украинската престолнина за таму да разговара за воспоставување заштитна зона околу централата.

„До владата на Руската Федерација: а. Да обезбеди прифаќање во федерална сопственост на објектите што се користат за атомска енергија на нуклеарната централа Запорожје и другиот имот неопходен за изведување на нејзините активности, б. Да преземе мерки насочени кон создавање федерално државно унитарно претпријатие „АЕЦ Запорожје“ со цел да се осигури безбедност на објектите коишто користат атомска енергија во нуклеарната централа Запорожје“, се наведува во документот што го потпишал Путин објавен на мрежната страница на владата.

Според указот, руската влада треба до 1-ви јануари 2028 година да ги утврди спецификите за користењето на финансиските и другите ресурси за да се осигури безбедноста на нуклеарката и да се издадат потребните лиценци. Дополнително, во надлежност на владата ќе бидат и другите прашања поврзани со осигурувањата на работата на Запорожје. Станува збор за осигурување на безбедноста на објектите за нуклеарката.

Се појаснува дека се формира акционерско друштво во државна безбедност, кое ќе управува со работата на капацитетите на централата. Негов директор ќе биде Олег Романенко, поранешен главен инженер во нуклеарната централа Балаково. Тој изјави дека сите во моментов вработени во Запорожје ќе бидат вработени во новиот субјект, притоа задржувајќи ги платите и социјалните гаранции.

Според податоците објавени на страниците на руската влада, акционерската компанија за нуклеарката Запорожје, ќе биде подружница на рускиот државен концерн „Росенергоатом“. Во неговиот состав е државната корпорација „Росатом“ и е оператори на сите нуклеарни централи во Русија.

Лиценците коишто се издадени пред 30-ти септември 2022 година, кои се однесуваат на работата на нуклеарката Запорожје, ќе продолжат да важат додека не бидат добиени соодветните документи според руските закони.

АЕЦ Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар во близина на градот Енергодар. Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа според број единици и инсталирана моќност – има шест енергетски блокови со моќност од еден гигават.

На почетокот на септември, мисијата на IAEA предводена од генералниот директор Рафаел Гроси пристигна во Запорожје.. Двајца стручањаци на агенцијата останаа во нуклеарната централа на постојана основа. Како резултат на посетата на мисијата, агенцијата објави извештај во кој го потврдува фактот за гранатирање на електраната.