![nuland-so-cestitki-do-gruevski-za-reshavanjeto-na-politicka-kriza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/nuland-so-cestitki-do-gruevski-za-reshavanjeto-na-politicka-kriza.jpg?resize=640%2C352&ssl=1)
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски изутрина оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, информираат од владината прес-служба.
Соговорниците го поздравија вчерашниот договор за решавање на политичката криза.
-Г-ѓа Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја, информираат од Владата.
Премиерот Груевски ја истакнал посветеноста на Владата за продолжување со реформите кои ќе значат унапредување на стандардите во сите сфери, економски раст и креирање на нови работни места. Груевски се заблагодарил на Нуланд за американскиот придонес во обезбедувањето напредок на земјата.