Нуредини: Ако се грееме со сè можно, ќе ги загадиме нашите деца

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот следеше по новинарско прашање, како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност, поради сѐ повисоките цени на ресурсите кои се користат за затоплување на простории.

-Тоа не значи дека треба да се грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидат поефикасни и да ја сочуваат енергијата. Поевтино е да се грееме со струја, палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење, да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии, изјави Насер Нуредини.

Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.

-Што сме направиле досега. Претходно сме давале субвенции за инвертери, но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да преземаат мерки ако има поголеми загадувања во тие општини. Тоа е реалност, ние за жал, сме во енергетска криза, не само во државата, туку и цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане, каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.