Нуркачите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје успешно реализираа спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување.
Акцијата ја реализираа нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола кои беа помогнати со повеќечлен логистички тим и два моторни чамци.
По успешно реализираниот прв чекор, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, ќе почне чистењето на дното на езерото, во кое можат да се вклучат сите заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина.
Ова е една од 10- те еко акции предвидени за ова лето под наслов „За да не се срамиме пред нашите поколенија за загадените води и уништената природа“.