NYT го поддржа Ворен и Клобушар за номинацијата на демократите

Американскиот весник The New York Times (NYT) ги поддржа во неделата сенаторките Ејми Клобушар и Елизабет Ворен за номинација на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори, а ова е првпат весникот да преферира два кандидата.

Изборот на весникот кој се декларира како застапник на либералните идеи дојде само неколку седмици пред изборот за демократската претстедателска номинација во сојузната држава Ајова на 3-ти февруари, со што официјално започнуваат претседателските предизбори.

Во воведникот на NYT, сенаторката Ворен од Масачусет се опишува како „радикален“, а сенаторката Клобушар од Минесота, како „реалистечен“ избор.

„Во тек е темелна дебата меѓу двете визии кои би можеле да ја дефинираат иднината на (Демократската) партија, а можеби и на земјата“, се наведува во текстот на уредничкиот колегиум на весникот.

„Некои во партијата, на претседателот Трамп гледаат како на скршнување и веруваат дека е можно враќање кон почувствителната Америка. Потоа, тука се оние кои веруваат дека претседателот Трамп е производ на политичките и економските системи, толку гнили што мора да бидат заменети“, се додава во написот.

„И радикалниот и реалистичниот модел заслужуваат сериозно разгледување. Тоа е причината поради којашто ги поддржуваме најефикасните кандидат за секој од престапите. Тоа се Елизабет Ворен и Ејми Клобушар“, истакнува уредништвото на The New York Times.

Ворен постојано во анкетите е на третото место, зад поранешниот потпретседател Џо Бајден и Берни Сандерс, сенаторот од Вермонт. Нејзината поддршка се зголеми летово, но од октомври полека опаѓа.

Сепак, NYT ја нарече нова „предводничка на демократската левица“, и ги фали нејзините планови за структурална и социјална реформа. „Патот на Ворен кон номинациите има предизвици, но не е тешко да се замисли“, се наведува во написот.

За Клобушар, којашто е поумерена во ставовите, NYT пишува дека благодарејќи на својот „долготраен стаж во Сенатот и реномето на двете страни, ќе може да склучува договори и ќе може да ги обедини фракциите во својата партија, а можеби и во земјата“. „Нека победи подобрата“, заклучува весникот.

The New York Times првпат ги изнесе поединостите од постапката за одлучување во своето телевизиско шоу „The Weekly“. Епизодата ги покажува интервјуата на членовите на уредувачкиот колегиум со деветте водечки претседателски кандидати на демократите. Покрај со Ворен и Клобушар, весникот имаш разговори и со Бајден, Сандерс, со милијардерто Том Стејер, со Девал Патрик и сенаторот Кори Букер, кој прв испадна од трката во декември.