Јавното обвинителство тукушто испрати информација дека е поднесена и отворена истрага за четири осомничени кои се изведени во Кривичниот суд. Тие се сомничат за кривичното дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од КЗ што е дело посериозно од кривичното дело „насилство“ и за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Според Обвинителството, со нивните дејствија ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државата се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Јавниот обвинител ценејќи дека постои опасност од бегство, можност сомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото доставиле предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага.