О’Брајан: САД се решени да го спречат распаѓањето на Босна и Херцеговина

Сoeддинетите држави се цврсти на ставот дека нема да дозволат отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и ќе реагираат на таквиот обид за прекршување на Дејтонскиот договор, потврди американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан.

„Разговаравме за тоа во Дејтон и сите таму разбраа дека нема право на отцепување. Точка. САД ќе дејствуваат ако некој се обиде да го промени овој основен елемент на Дејтон“, рече О’Брајан во изјавата објавена на неговиот официјален X social мрежен профил.

Тој со тоа ја потврди реакцијата од американската амбасада во Сараево од четвртокот, во која исто така беше наведено дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, греши ако мисли дека САД ќе останат настрана „додека ја турка БиХ во нови конфликти“.

Овие реакции се резултат на најавата на Додик дека Република Српска ќе прогласи независност истиот ден кога високиот претставник Кристијан Шмит евентуално ќе воведе закон за статусот на државната сопственост. Со тој закон за кој со години се залагаат бошњачките лидери во Сараево, се сака да се ставаат под контрола на федерација сите ентитетски институции, но и територијата и ресурските со коишто располага Република Српска, на што се противат во Бања Лука и тврдат дека тоа е токму спортивно од Дејтонскиот мировен договор.

Ова прашање, кое не е решено по завршувањето на војната во БиХ во 1995 година, е клучна тема за Додик со месеци и тој отфрла каков и дае договор што би ѝ овозможил на Федерацијата БиХ, во која доминираат Бошњаците, како држава да поседува недвижен имот во српскиот ентитет. Според неговото мислење, правото на сопственост на недвижен имот, кое во социјализмот беше ткн. „општествената сопственост“ и автоматски треба да ѝ припадне на Босна и Херцеговина како држава, всушност таа им припаѓа само на ентитетите, а Република Српска на ова го заснова клучниот елемент на својата „државност“.

Додик сега тврди дека има индиции дека Шмит веќе во јануари би можел да наметне закон за државна сопственост, што би било спротивно на интересите на Република Српска, бидејќи титуларот на целиот спорен имот би станала БиХ, а потоа државата би го препуштила управувањето со недвижниот имот што го поседува а кој не ѝ е потребен за функционирање на пониските нивоа на власта.

Засега нема јасни индиции од Канцеларијата на високиот претставник (OHR) дека таков закон може да биде наметнат. Под покровителство на OHR, досега е формирана само експертска група, која доби задача да подготви предлог за можно решение, за кое државниот парламент би ја донел конечната одлука. Од OHR го повторија овој став дури и по повторените закани на Додик за отцепување. Тие наведоа дека прифатливо и одржливо решение за прашањето за државниот имот мора да се најде преку „инклузивен политички процес“, што е една од петте цели и двата услова што беа дефинирани во 2008 година како предуслов за затворање на OHR, на што инсистира Додик.

Самиот висок претставник Кристијан Шмит, чиј мандат го оспоруваат и во Бања Лука но и Русија и Кина, со тврдења дека тој не е легално избран за висок претставник бидејќи назначувањето на Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот (ССМ) не е официјално потврдено од Советот за безбедност на ОН, досега не ја спомна можноста за наметнување закони за државен имот и повеќепати потенцираше дека тоа е обврска и одговорност на властите во БиХ.

„Политичарите во БиХ, наместо да го загрозуваат процесот на европска интеграција, треба да се фокусираат на изнаоѓање решенија и да не создаваат проблеми“, е пораката од OHR.

Повторените сецесионистички предупредување на Додик беа осудени од бројни бошњачки политичари, додека лидерот на најголемата партија на босанските Хрвати – HDZ BiH, Драган Човиќ одби да учествува во овие аргументи, изјавувајќи дека тој и неговата партија прават сѐ за БиХ да стане функционална држава.

 

„Најавите на Додик се најголема опасност за РС“

Најистакнатиот опозициски политичар од Република Српска, Небојша Вукановиќ кој одржува блиски врски со западните партнери на БиХ, изјави дека најавите на Додик се најголема опасност за тој ентитет.

„Приказната на Додик за независноста не е поддржана ниту од Србија, ниту од Русија, ниту од кој и да сојузник. Никој не би нè признал. Ние би останале привремени. Ќе ѝ дадеме легитимитет на меѓународната заедница да ја укине Република Српска, да влезе овде со оружје и да наметне принудени администрација врз нас“, тврди Вукановиќ.

Во петокот кон осудите за однесувањето на Додик се приклучи и Исламската заедница во БиХ со соопштение во кое се наведува дека јавноста има „причина да биде длабоко загрижена од најавите за експропријација на државата и конфискација на нејзиниот имот“.

Тие ја поздравуваат јасната реакција на САД на најавите на Додик и ја повикуваат Евроспката унија да го следи Вашингтон во тоа.

„Со својата јасна позиција дека САД ќе дејствуваат доколку некој се обиде да го промени основниот елемент на Дејтон и да го наруши суверенитетот на Босна и Херцеговина, Соединетите држави докажуваат дека се искрен пријател на оваа земја и некој што е свесен за важноста на тешко стекнатиот мир во овој дел на Европа“, се вели во соопштението од Исламската заедница во Босна и Херцеговина.